Репертоар

Распеана турлитава

 

Четврток, 03 Април 2025   |    12:00

IMG-6f5337c5a910ab8f4e6faf7e67d5fdcd-V.jpg Опис: Рецепт за „Распеана  турлитава“

Во основата на оваа духовна наслада се позитивни вибрации, игра, песна, забава, хумор, љубов, анимација, едукација.
Прво се ставаат: збор, зборови, стихови, многу ноти, музички фрази, стопени во песни... сето тоа се крчка на едноставен, лесен, примамлив, прифатлив начин од глумци - актерски мајстори, за време од пеесетина минути на висока температура. За вкусот и впечатокот да биде целосен -  зачинуваме со необични костими, сценски елементи и реквизити.
Преку еден домашен рецепт за подготовка на здрава храна во исхрана на денешната млада популација, пласираме уште неколку важни нитки:
- Примена на македонскиот литературен јазик, неговите изразни форми, зборови, реченици, строфи, римувани стихови, искажани преку монолошки изрази и дијалози на ликовите
- Спој на говорното дејство на ликовите  со музичките фрази и нумери од нашето богато музичко творештво
- Апострофирање на литературната форма – драма преку сценска игра низ драмското  дејство (од увод  до епилог). Придружната сценографија, костимографија, сценските реквизити, го комплетираат  поимот – театар, а самиот сценски проект станува театарска претстава.
 

 

  • Локација
    Мала сцена
  • Времетраење
    50 минути
  • Изведбата е
    без пауза

 

Виртуелна прошетка Музеј

БИЛЕТАРНИЦА:
+389.2.3230.304

АДМИНИСТРАЦИЈА:
+389.2.3216.725

АДРЕСА:
ул. 11 Март бр. 3, 1000 Скопје

e-mail: info@mnt.mk